Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовец и штипјанец пронајдени починати во своите станови

Тетовец и штипјанец пронајдени починати во своите станови

Алсат дознава дека попладнево во стан на улицата „Илинден“ во Тетово било пронајдено мртво тело на 43-годишен тетовец. Случајот го пријавиле соседи кои се сомневале дека дотичното лице не е видено долго време.

Вратата, која била сигурносна, ја отвориле од Противпожарната единица Тетово заедно со полицијата, а потоа го пронашле мртвото тело на 43-годишникот. Полицијата и дежурниот обвинител водат истраги во станот на жртвата. Причините за смртта сè уште не се познати, додека во наредните денови се очекува полицијата на тетовскиот регион да излезе со дополнителни информации за случајот.

Инаку МВР потвди дека денеска тириест и осумгодишен маж од Штип пронајден е мртов во стан во Скопје каде престојувал.

„Вчера во 08.11 часот во СВР Скопје, З.Б.(41) од Скопје пријавил дека околу 07.00 часот откако телефонски не стапил во контакт со С.Т.(48) од Штип отишол во станот каде престојувал во Скопје при што го пронашол С.Т. починат, по што од итна медицинска помош била констатирана смрт“, соопшти полицијата.

По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.


Слично

Поврзани вести