Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовец глумел дека е функционер, ја обоил регистарската табличка во црвена боја

Тетовец глумел дека е функционер, ја обоил регистарската табличка во црвена боја

МВР објави дека е уапсен тетовец кој глумел дека е полициски функционер. Ги обоил со со црвена боја регистарските таблички, какви што треба по ново да бидат оние на службените возила пред локалните избори. Покрај тоа, вградил и флешери

- На 25.09.2025 во 16:40 часот поради сторени сообраќајни прекршоци по член 139 точка 11, член 36 точка 5 од Закон за возила и член 225 точка 9 од Закон за безбедност на патниот сообраќај, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го приведоа Р.Љ.(56) од Тетово, кој се движел со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки. 
Од него се одземени преправени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали флешери, а по документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, објави МВР.


Слично

Поврзани вести