Тетовци на протест пред судот за поддршка на доктор Вучевски
Доктор Бобан Вучевски, обвинет како одговорен на смена за пожарот во модуларната кови-болница во Тетово, денеска доби голема поддршка од насобраните тетовци кои протестираа во негова поддржка прет тетовскиот суд.
„Благодарност до сите граѓани кои денеска беа дел од мирниот протест пред Основниот Суд во Тетово, во знак на поддршка за Др. Бобан Вучевски, кој е неправедно обвинет. Како што ние имавме и сеуште имаме потреба од него, така сега ние нему сме му потребни со нашата поддршка! Продолжуваме со протести секое следно рочиште! Правда и поддршка за Др. Вучевски!“, објави фан-страницата на докторот.
Како што беше најавено, денеска пред почетокот на рочиштето, група граѓани протестираа пред зградата на Судот во Тетово и бараа ослободување од вина на д-р Бобан Вучевски.
Поради отсуство на Артан Етеми, еден од двајцата обвинети директори на тетовскта болница, денешната главна расправа за модуларната болница во Тетово се одложи. Според адвокатите, Етеми бил во тешка здравствена и психичка состојба поради смртта на близок член на семејството.
Следното рочиште за тетовската болница е закажано за 31. јануари.
