Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тетовчанка од сефот на татко и одзела накит и 10.000 евра

Тетовчанка од сефот на татко и одзела накит и 10.000 евра

Девојка од тетовското село Туденце е осомничена дека од сефот на татка си украла разновиден златен накит и повеќе од 10.000 евра.

Н.С. (45) од село Туденце вчера пријавил во полиција дека во периодот од 27 декември лани до 21 февруари непознат сторител извршил кражба во неговата куќа, на непознат начин и без оштетувања. Сторителот, според пријавата, влегол во спалната соба и од сеф со шифра одзел повеќе парчиња разновиден златен накит и 3.000 евра во разни апоени вредни над 600.000 илјади денари.

По пријавувањето,  кражбата е расчистена, а осомничена е 18-годишната ќерка на  Н.С.

Слично

Поврзани вести