Тетовчанец загина кај Требош
Ф.Р.(45) од Тетово е мажот кој загина во сообраќајната несреќа попладнево на автопатот Скопје-Тетово кај надвозниот за селото Требош. При увидот на СВР Тетово утврден е и идентитетот на двете повредени лица, машко и женско лице од Тетово.
„Повредени се Е.К (22) од Тетово кој имал тешка телесна повреда-скршеница на нога како Е.Љ (31) исто од градот, која добила потрес на мозок и е задржана за опсервација во тетовската клиничка болница. Увид на местото извршија стручна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител. По наредба на обвинителот ќе се изврши обдукција кај починатото лице“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Полицијата утврди дека во сообраќајката учествувале три возила, опел, пежо и голф како и камион мерцедес. Започната е истрага за да се утврдат причините за несреќата.
