ТЕТОВЧАНЕЦ ВОЗЕЛ СО РЕЧИСИ ТРИ ПРОМИЛИ ВО КРВТА - еве што открија контролите на полицијата
Полициски службеници на СВР Тетово во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на поширокото полошко подрачје спровеле акциска контрола на возачи - дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата откриени и вкупно санкционирани биле 36 возачи (ТЕ-24 и ГВ-12), кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај 1(ТЕ) биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта. Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци. Во акциската контрола адекватно санкционирани се и 18 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-5).
СВР Тетово повторно со апел, посебо до младите и пред се за викендите, да не седнуваат зад волан доколку претходно конзумирале алкохол и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и да не возат пребрзо и да не престигнуваат на недозволени места и начин. Со тоа ќе придонесат за подобрување на вкупната сообраќајна безбедност во регионот и пошироко.
