Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТЕСТО“ НАД СКОПЈЕ, ЗАСТРАШУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ ОД КАМЕРАТА ОД МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ: Сонце само на врв на Водно

„ТЕСТО“ НАД СКОПЈЕ, ЗАСТРАШУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ ОД КАМЕРАТА ОД МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ: Сонце само на врв на Водно

Со денови скопјани не видоа сонце, и генерално концентрациите на ПМ 10 честичките во цела Македонија се далеку над дозволените граници. Најзагадени градови според податоците од  мерните точки се Тетово и Гостивар кои се обоени со пурпурна боја, додека главниот град е обележан со црвена боја, што значи дека загадувањето е „високо“.

Инсталираните камери на Милениумскиот крст на Водно покажуваат дека над Скопје е надвиснато вистинско „тесто“, а фотографии за Фактор испратија и граѓани кои денеска посакаа да видат сонце и да подишат почист воздух.

Линк од камерата на Водно: http://jsplive.interspace.mk/live/615654904767870

За споредба со нашиот главен град, вака изгледа еден од европските градови, исто така од инсталирана градска камера.

Линк од камерата од Лајпциг: https://www.l.de/stadtwerke/privatkunden/kundenservice/webcam/




Слично

Поврзани вести