Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕСТИРАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ДОСЕГА ОТКРИ САМО ШЕСТ ПОЗИТИВНИ НА ВИРУСОТ: Со скринингот беа опфатени 1.323 малолетници

ТЕСТИРАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ ДОСЕГА ОТКРИ САМО ШЕСТ ПОЗИТИВНИ НА ВИРУСОТ: Со скринингот беа опфатени 1.323 малолетници

Министерството за здравство информира дека во тек е скринингот на учениците од основните и средни училишта во земјава. Скринингот го вршат Центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава. Министерството за здравство ги објавува досега обработените податоци, од спроведениот скрининг во првите денови.

-Од тестирани 1323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци. Од нив само 6 основци биле позитивни на Ковид 19, а 1317 ученици биле негативни на тестот. ЦЈЗ при детектирање на позитивен ученик, постапуваат согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот. За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати Центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот Ковид 19 меѓу учениците во училиштата, велат од Министерството за здравство.

Информираат и дека во моментов во Македонија, 885 деца на возраст од 0-17 години, се активни, а 15 се позитивни на Ковид 19. На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на кислородна поддршка, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

Според податоците од националниот систем Мој Термин досега во земјата 5800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за Ковид 19, а ревакцинирани се 4860 малолетници.


Слично

Поврзани вести