Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕСТИРАЊЕТО Е НАПРАВЕНО: Лекарите кои се вратија од Шпанија ќе бидат во изолација

ТЕСТИРАЊЕТО Е НАПРАВЕНО: Лекарите кои се вратија од Шпанија ќе бидат во изолација

Лекарите кои биле на конгрес во шпанскиот град Мадрид, каде еден од предавачите бил заразен со коронавирусот, ќе бидат во домашна изолација во рок од  14 дена. 

Министерството за здравство соопшти дека резултатите на двајцата лекари се негативни на коронавирус.

Тие стигнале во Македонија во саботата навечер, а вчера не биле на работа. Освен со семејствата немале контакт со поголем број луѓе. 

Во Македонија засега има една жена инфицирана со коронавирус. Таа е на возраст од 50 години, засега е добро, а се заразила во Италија. 

На Балканот и во Европа, коронавирусот однесе многу животи. Овој смртоносен вирус се појави и во земји каде досега немало заразени. 

Слично

Поврзани вести