Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тестирања за Ковид-19 во Поликлиниката Чаир, и „Млин Балкан“

Тестирања за Ковид-19 во Поликлиниката Чаир, и „Млин Балкан“

Се отвораат нови пунктови за тестирање за коронавиросот. Од денеска во Скопје тестови ќе се прават во Поликлиника Чаир, а како што е најавено до крајот на неделава и во Поликлиниката  „Млин Балкан“. И во новите пунктови, граѓаните ќе може да се тестираат откако претходно ќе бидат закажани од страна на матичните лекари.

-Увидот е завршен во сите, приватни институции, во двете приватни болници  „Жан Митрев“ и „Систина“, во лабораторијата „Авицена“. Во текот на денешниот ден, увид ќе биде извршен и во и  во лабораторијата „Биотек“, нагласи министерот Венко Филипче на вчерашната прес-конференција.

Филипче истакна дека, според мислењата на епидемиолозите, ќе се зголеми бројот на потребните тестирања, и нагласи дека системот за мобилни тестирања е подготвен и тој ќе почне да се применува веќе во наредните денови во Скопје.  

Наскоро, како што најави министерот, уште два пункта ќе се отворат во другите градови во државата.


Слично

Поврзани вести