Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕСТИРАЊА ЗА ГОЛЕМА КАШЛИЦА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА: Од 15 март се очекуваат вакцини против пертусис и за возрасни

ТЕСТИРАЊА ЗА ГОЛЕМА КАШЛИЦА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА: Од 15 март се очекуваат вакцини против пертусис и за возрасни

Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис и за возрасни, предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава,  изјави попладнево д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, по редовниот состанок.

Нагласи дека вакциналните пунктови во главниот град, каде што е прогласена епидемија на големата кашлица, работат во две смени, а вакцинацијата се одвива добро и продолжува со исто темпо.

Меѓу новите препораки се да се засили инспекцискиот надзор на ДСЗИ за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис низ целата држава од центрите за јавно здравје, досега немаше таква можност, дигиталната евиденција за вакцинација на децата, во вакциналните пунктови да биде задолжителна за подобар преглед.

- На денешната седница разговаравме исклучиво за пертусис. Најмногу заболени има во Скопје, подвлече Мехмедовиќ. 

ФОТО: МИА

Слично

Поврзани вести