Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тесната соработка со Унгарија продолжува: Сијарто го покани Муцунски на средба

Тесната соработка со Унгарија продолжува: Сијарто го покани Муцунски на средба

МНР соопшти дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Будимпешта на покана на шефот на дипломатијата на Унгарија, Петер Сијарто.

Ќе се разговара, според најавата, за тридецениското пријателство и напредокот на севкупните билатерални односи на двете земји, одличната трговска соработка, перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на Македонија и недвосмислената и континуирана поддршка на Унгарија во процесот на ЕУ проширувањето.

Муцунски ќе оствари одвоена средба и со Иштван Јакаб, заменик претседател на националното Собрание на Унгарија и претседател на Групата за пријателство на Унгарија со земјите од Југоисточна Европа, a ќе одржи и предавање пред студентите на Унгарската дипломатска академија и колеги од МНРТ на Унгарија


Слично

Поврзани вести