Тесна трка во Тетово, Арифи и Касами одат во втор круг
Според првично обработените резултати од помал процент на гласачките места во Тетово во предност е Теута Арифи која а актуелен градоначалник на општина Тетово и кандидат на ДУИ со 1856 гласови.
Зад неа е Биљал Касами, претседателот на движењето БЕСА со 1459 гласови кој најверојатно ќе има шанса да се натпреварува во вториот круг бидејќи вечерва Тетово најверојатно нема да добие конечен победник.

Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 1138 гласови. Токму гласовите на ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат клучни за исходот во вториот изборен круг на локалните избори и ќе биде интересно да се следи дали ќе биде донесена одлука за коалицирање, односно дали ќе има кај нив мотив да ги поддржат БЕСА како што досега неофицијално се говореше.
