Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тешко вооружени полицајци го чекаат Борисов во Струмица

Тешко вооружени полицајци го чекаат Борисов во Струмица

Тешко вооружени полицајци се распоредени на улиците во Струмица во очекување на бугарскиот премиер Бојко Борисов . Наскоро треба да започне заседанието на првата заедничка седница меѓу Македонија и Бугарија.

Ова е прва заедничка седница за Владите на Заев и Борисов по потпишувањето на договорот за добрососедство и пријателство летово во август.

Според она што го дознава Фактор полиција го обезбедува целиот центар на градот од каде што потекнува премиерот Заев.

Не се дозволува движење со автомобили, а пешаците се замолуваат да го заобиколуваат домот на АРМ во градскиот парк.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов се очекува да пристигне со хеликоптер.

Слично

Поврзани вести