Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тешко повредени работници на автопатот Кичево-Охрид

Тешко повредени работници на автопатот Кичево-Охрид

Двајца градежни работиници се повредени при изведување градежни работи кај местото Лавчани на автопатската делница Кичево-Охрид, кога ги удрило црево, кое било под дејство на компомиран воздух, соопшти МВР.

Работниците М.А. (53) од Дебар и В.Љ. (57) од с.Могорче, дебарско, биле пренесени во Медицински центар Кичево каде што им била укажана лекарска помош.

Кај М.А. биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентен центар Скопје, а кај В.Љ. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести