Тешко повредени пешаци во Скопје и Охрид: Возачите побегнале, па биле уапсени
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера по полноќ, полициски службеници успеале да го уапсат возачот Е.Ј., 31-годишен од Скопје, откако истиот околу 20:30 часот вчера навечер. удрил во пешак кај скопската населба Буњаковец во близина на Католичка црква и побегнал.
„На 25.04.2025 година во 20:30 часот на кружниот тек помеѓу ул. „Кирил и Методи“, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Костурски Херои“, тој со патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П. (87) од Скопјe. Пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.
МВР информира дека го пронашол несовесниот возач во Охрид, кој вчера вечерта прегази маж и побегна.
-На 24.04.2025 во 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, патничко возило удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштило местото. Пешакот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап” со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид. По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не е утврдено присуство на алкохол во организмот. По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
