ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ И ДВЕ МАЛИ ДЕЦА - како се судриле двете возила
Во судар на две возила има шестима повредени, меѓу кои и две мали деца, на возраст од пет и три години.
Ова е негативниот епилог од сообраќајната несреќа на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, во близина на Мавровската крстосница, помеѓу две возила.
„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на едното возило – В.М., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Л.М.(37) и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот И.Р. и сопатничката од другото возило Р.Р.(43), констатирани во Медицинскиот центар Гостивар“, се вели во билтенот од полицијата.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
Слично
