Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тешко повреден работник во Охрид

Тешко повреден работник во Охрид

Во СВР Охрид, вчера во 11 часот од болницата Св.Еразмо е пријавено дека кај нив е донесен С.Б. (47) од Охрид со тешки телесни повреди во пределот на главата и ребрата.

Поради сериозноста на повредите, С.Б. со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Тој додека изведувал градежни работи на покрив, демонтажа на лесонитни табли, во еден момент паднал од покривот. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. 

Слично

Поврзани вести