Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК ВО СООБРАЌАЈКА ВО ДОЛНО КОЊАРИ - малолетник со возило собрал паркиран автомобил и пешак

ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК ВО СООБРАЌАЈКА ВО ДОЛНО КОЊАРИ - малолетник со возило собрал паркиран автомобил и пешак

Тешка сообраќајна незгода се слчи во село Долно Коњари, во која учествувал  малолетниккој возел возило кое удрило во друго возило и пешак. Пешакот е тешко повреден и се бори за живот, соопштуваат од МВР. 

- Денеска (25.01.2026) во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во село Долно Коњари, скопско во која патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешак И.Ф. 
Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој е пренесен во Ургентен центар "Мајка Тереза" каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно загрозувачка состојба. Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во објавата на МВР.



Фото: Принтскрин/Фејсбук/МВР

Слично

Поврзани вести