ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК ВО СКОПСКИ БУТЕЛ - Возачот избегал од местото на несреќата
Уште една сообраќајка во главниот град каде возач повреди пешак по што избегал од местото на несреќата.
Како што објави МВР, во текот на вчерашниот ден, токму на пладне, во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Петар Манџуков“ и сервисна улица што ја поврзува улицата со ул.„Александар Урдаревски“ во населбата Бутел во Скопје, патничко моторно возило „рено“ удрило во М.А.(26) од Скопје и го напуштило местото.
Од ударот младиот скопјанец се здобил со тешки повреди поради кои завршил во градската болница.
- По несреќата, М.А. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје - се наведува во билетнот на МВР.
