Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тешко повреден 26-годишен неготинец на работно место

Тешко повреден 26-годишен неготинец на работно место

Млад неготинец се здобил со тешки телесни повредни на работно место констатирани во болницата во Кавадарци, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во 14:55 часот во ОВР - Неготино било пријавено дека во кругот на фабрика во село Дуброво, неготинско, со работна машина - вилушкар, управувана од З.Б., на возраст од 51 година од Неготино, бил удрен вработениот Б.И., на 26-годишна возраст. 

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци, појаснуваат од СВР - Велес.

Увид извршила увидна екипа од ОВР - Неготино. 

Слично

Поврзани вести