Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКО НА ОТПУШТЕНИТЕ: Дали ниските цени на текстилот од далечниот Исток го затворија „Тетекс“ ?

ТЕШКО НА ОТПУШТЕНИТЕ: Дали ниските цени на текстилот од далечниот Исток го затворија „Тетекс“ ?

На наши години работа многу тешко ќе најдеме, се жалат работниците кои остануваат без работа откако јавноста дозна дека по скоро 7 децении работа комбинатот „Тетекс“ од Тетово става клуч на погодните на фабриката.

Во официјалното соопштение објавено на берзата од раководството на Тетекс велат дека Тетекс АД Тетово месецов прекинува со производство на тешка конфекција при што фокусот ќе им биде ставен кон нови попрофитабилни дејности.

Генералниот директор Глигорие Гоговски пак за Телма изјавил дека ниските цени од далечниот исток ги поклопил нив текстилците и тој товар не можеле да го издржат па затоа затворањето на комбинатот било неминовно.

Работниците ќе добијат откази согласно колективен договор, а доколку повторно се покрене производството , отпуштените ќе имаат право први да бидат вратени на работа.

„Тетекс“ во периодот од 2016 до 2018 година беше една од најштедрите компании исплатувачи на дивиденди. Според официјалните податоци достапни на Македонската берза кумулативно за тој временски период износот на дивиденда изнесува 10 евра за акција. Тоа значи дека кумулативно Беличанец од дивиденди во „Тетекс“ добил 40.000 евра.

Најголем поединечен акционер во Тетекс беше токму Глигорие Гоговски, последниот претседател на Владата на Социјалистичка Република Македонија и долгогодишен прв човек на гигантот „Тетекс“. Гоговски поседува 12,7 отсто акции во „Тетекс“. Оваа компанија е една од ретките домашни успешни компании која е доминантно поседувана од голем број мали домашни акционери. Освен Гоговски, според официјалната евиденција на ЦДХВ, таму акции поседуваат 1.156 домашни физички лица. Тие поседуваат 80,6 отсто од акциите.

Кој заработи 146.000 евра од продажба на акции во „Тетекс“

Слично

Поврзани вести