ТЕШКО МИ Е ШТО НЕ СМЕ ВЕЌЕ ЗАЕДНО, СО 12 ПРАТЕНИЦИ ЌЕ СЕ БОРЕВМЕ ДА ГИ СИМНЕМЕ ДУИ ОД ВЛАСТ - Таравари за одлуката на Алтернатива
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека бродот на СДСМ тоне.
Тој вели дека истиот ќе потоне со новиот лидер.
„Во СДСМ има сериозни проблеми, внатре во партијата. Незадоволството таму е големо. Заев вети многу, ништо не реализираше. Затоа и бега. СДСМ во моментот тоне, а ќе потоне со новиот лидер. Новиот лидер нема да може да ја одржи стабилноста на Владата. Новиот лидер нема да може ги координира коалициските партнери, кои имаат договор со Заев, а не со новиот лидер. Затоа сметам дека ова мнозинство нема да трае многу, и 2022 година ќе има повторно избори“, вели Таравари.
Таравари вели дека со ВМРО-ДПМНЕ имале добра соработка на локалните избори.
„Можеби и соработката со нив придонесе да ги добиеме трите општини“, додава Таравари во „Click Plus“ на ТВ21.
Тој рече и дека му е тешко што нивниот досегашен коалициски партнер Алтернатива станала дел од Владата и дека ќе било подобро да биле заедно.„Жал ми е. Имавме супер соработка со Алтернатива. Ако ме прашате дали ми е тешко што не сме веќе заедно, ќе кажам ’да‘, тешко ми е. И жал ми е што е така. Ќе беше подобро да бевме заедно, да имавме 12 пратеници и заедно да се бориме да ги симнеме ДУИ од Владата. Но тоа е одлука на Алтернатива. Нека продолжат така. Нека им е со среќа“, рече Таравари.
