КАКО ПРЕЛЕЖАН СРЦЕВ УДАР: Тешки срцеви оштетувања кај излечените од Ковид-19
Дури 78 отсто од луѓето кои прележале Ковид-19 имааат последици слични на срцев удар односно имаат промени и оштетувања на срцевиот мускул, покажа најново истражување на реномираниот JAMA Cardiology.
Сите од тие кои имале кардиолошки последици не се луѓе кои имале срцеви проблеми претходно. Кај 60 проценти е забележано континуирано воспаление на мускулот и два месеци по болеста.
Во студијата биле опфатени 100 пациенти. Од нив 53 проценти биле мажи, а 47 отсто жени. Повеќето или 67 проценти се лекувале дома, додека 33 отсто биле хоспитализирани. Од тие два проценти биле на механичка вентилација.
Средната старост на пациентите 49 години, претходни хронични болести имало и кај пациентите што се лечеле дома и кај хоспитализираните.
Меѓу испитаниците 25 проценти се жалеле на истоштеност и недостаток на здив и по оздравувањето. Од тие само 4 проценти претходно биле хоспитализирани.
„Нашите сознанија може да дадат индикација за потенцијално значителен товар на воспалителни заболувања во големи и растечки делови на населението и итно бараат потврда во поголем група. Иако долгорочните влијанија врз здравјето луѓето во овие откритија сè уште не можат да се утврдат, неколку од опишаните абнормалности претходно биле поврзани со полош исход во воспалителни кардиомиопатии. Повеќето откритија укажуваат на постојан перимиокардитис по инфекцијата со Ковид-19, стои во истражувањето.
Целото на овој линк овде
