ТЕШКИ ДУБАРЏИИ - двајца Грци со фирма и двајца банкари ја „закрпиле“ банката со 500 илјади евра
СВР Битола поднесе известување против двајца државјани на Грција, и тоа Т.С.(43) и Н.С.(41), со регулиран престој во Македонија, и правно лице од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажен стечај“, како и против В.Н.(48) од Битола, директор на филијала и Н.М.(50) од Битола, член на Управен одбор на банка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”.
Во наредните четири месеци вршени се исплати по договори за краткорочни денарски и девизни кредити во вкупен износ од 696.000 евра, кои не ги употребиле за нови инвестиции, туку за лична потрошувачка. Со преземање на несразмерни обврски ги повредиле своите должности при управувањето со имотот со што предизвикале стечај на правното лице од Битола.
Трето и четвртопријавените од банката пропуштиле навремена контрола на кредитниот должник и на наменската употреба на средствата, а на барање на правното лице била донесена одлука со која депонираните девизни депозити биле ослободени и заменети со меница и три бланко потпишани налози за пренос, со што ја оштетиле банката за 500.000 евра.
