ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА БОГАТАШИТЕ: Цукенберг изгуби 18 милијарди долари за еден ден, Безос го следи со 16 милијарди
Откако американскиот претседател Доналд Трамп на 3 април објави нов пакет царини, светските пазари бурно реагираа.
Ова доведе до еден од најлошите денови за светските милијардери – тие изгубија неколку десетици милијарди долари за само еден ден.
Најголем губитник е Марк Цукерберг, чие богатство се намали за неверојатни 17,9 милијарди долари. Акциите на Facebook (Meta) паднаа за 9 отсто.
Веднаш зад него е Џеф Безос, основачот на Amazon, со дневна загуба од 16 милијарди долари, додека Лари Елисон, основачот на Oracle загуби 9,9 милијарди долари.
Мајкл Дел, основачот на Dell Technologies, загуби 9,4 милијарди долари, додека на Илон Маск, лидерот на Tesla и SpaceX, неговото богатство се намали за 8,7 милијарди долари.
Бернард Арно, шефот на луксузниот конгломерат LVMH, осиромаши за 8,6 милијарди, а Јенсен Хванг, основачот на NVIDIA изгубил 7,4 милијарди долари. Лери Пејџ и Сергеј Брин, ко-основачите на Alphabet (Google), загубија 4,9 милијарди долари, односно 4,6 милијарди долари, додека Томас Петерфи, основач на Interactive Brokers, загуби 4,1 милијарди долари.
За споредба, за Хрват со просечна нето плата од 1.474 евра месечно да ја заработи сумата што Цукерберг ја изгубил за само еден ден, би требало да работи околу 931.000 години.
