Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тешката сообраќајка направена со неовластено возило на министерство за одбрана

Тешката сообраќајка направена со неовластено возило на министерство за одбрана

Во вчерашната тешка сообраќајна несреќа која се случи во близина на Велес и во која учествуваше Оливер Стојановски, припадник на Министерството за одбрана, возилото кое го управувал „Сеад Кордоба“ го користел неовластено, без дозвола и без патен налог. 

Станува збор за службено возило на Синдикатот за одбрана и безбедност кој Стојановски кратко го презеде во октомври минатата година, а откако Ристо Рајтов го обвини за упад успеа да си ја врати претседателската позиција во април годинава со правосилна судска одлука. Токму затоа Стојановски требало да го врати службеното возило на СОБ за кое се користеле службени средства за одржување како гориво и амортизација.

„Уште во април откако ја добивме судската пресуда со која го повратив раководењето на Синдикатот за одбрана и безбедност, упатив писмо до тогашниот министер за одбрана Зоран Јолевски дека службеното возило треба да биде вратено на СОБ, за да нема дополнителни злоупотреби“, вели Ристо Ајтов претседателот на СОБ.

Од министерството за одбрана ни потврдија дека Стојановски возилото го користел неовластено, ниту пак има платен налог.

„Се надеваме дека нашиот вработен бргу ќе закрепне по тешката сообраќајна несреќа. Потврдуваме дека возел службено возило, кое го добил во април согласно Колективниот договор, со одобрение со потпис на шефот на кабинет на тогашниот министер Јолевски. Минатата недела раководителот на секторот и државниот секретар побарале да го врати возилото. Утврдено е дека за патувањето немал патен налог. Сите останати околности околу патувањето дополнително ќе бидат утврдени по закрепнувањето на повредениот“ ни одговорија од Министерството за одбрана.

Стојановски го формираше Синдикатот на одбранбениот и безбеносниот сектор, кој функциораше како паралелен синдикат со цел членовите на СОБ да се префрлат во СОБС, но од Министерството за одбрана не беше признат како репрезентативен сидникат, па така според Колективниот договор повеќе немал право на користење на службено возило по тој основ.

Ајтов вели и дека новото раководство на одбрана го информирал за состојбата но, проблемот не бил решен.

Стојановски вчера со хеликоптер беше префрлен од местото на несреќата и по лекарската интервенција има информации дека се наоѓа во стабилна состојба.

Сепак, се поставува прашањето на одговорност, најпрво за повредите на Стојановски и можните тешки последици. Исто така и за возилото кое е во државна сопственост прашање е кој ќе ја покрие штетата.

Автор: Христијан Станоевиќ

Слично

Поврзани вести