Економија, финансии, бизнис

Контакт

(Обновено) Тешка тепачка во Охрид - Едно лице убиено

(Обновено) Тешка тепачка во Охрид - Едно лице убиено

Голема физичка пресметка во Охрид остави едно лице со тешки повреди кои завршија фатално. Според повеќе сведоштва на социјалните мрежи тоа лежело на земја неподвижно додека не интервенирала екипа на Првата помош во населбата „Радојца Новичиќ“.

До убиството дошло по жестока вербална расправија меѓу две повозрасни лица. Во расправијата потоа се вмешал и синот на еден од раскараните лица при што случајот ескалирал во физичка пресметка, при што едно од повозрасните лица на околу 60 години е убиено од страна на помладо лице.

На местото на настанот увид вршеше полициска екипа под надзор на јавен обвинител.

Подетални информации за инцидентот полицијата најави дека ќе соопшти по завршување на увидот.


Слично

Поврзани вести