ТЕШКА СУДБИНА: Се запалила нива, на кумановец му изгорела куќата и починал
Во СВР Куманово било пријавено вчера дека во Куманово во место викано „Стара Воденица“ настанал пожар во нива каде горела сува трева, непосредно до куќа во која живеел Д.К.(54), при што од пожарот била зафатена и куќата а Д.К. се здобил со повреди при гаснењето и бил пронајден починат.
Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт. Известен е јавен обвинител кој дал наредба телото на починатото лице да биде предадено на семејството. Увид на местото на настанот извршиал екипа од СВР Куманово.
Слично
