ТЕШКА СООБРЌАЈКА НА ПАТОТО ТЕТОВО - ЈЕЖИНЦЕ: Возачот и сопатникот од едното од возилата завршиле во Клиничката болница
Утрово на регионалниот пат Тетово - Јажинце се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 45 годишен жител на Доброште. Тој заедно со сопатникот завршиле во клиничката болница во Тетово.
Како што соопшти МВР, денеска во 08.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во тетовско Џепчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген туран" со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.З.(45) од тетовско Доброште и патничко возило „фолксваген голф" со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(63) од тетовско Теарце.
- Во несреќата, возачот на возилото „фолксваген туран" се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило И.М.(33) од тетовско Јажинце се здобил со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид врши екипа на СВР Тетово - се посочува во билтенот.
