КОБНА СООБРАЌАЈКА ВЕЧЕРВА ВО ПИНТИЈА: Загинати двајца
Две млади лица загинаа вечерва во сообраќајната незгода во скопска Пинтија.
Очевидци за дел од медиумите кажале дека лицата биле починати пред да пристигне брзата помош.
Немилиот настан се случил на улица Првомајска кога две возила се судриле и од силниот удар две машки лица го загубиле животот на лице место. Двете лица биле сами во возилата.
Од несреќата се појави и видео на Фејсбук во групата Ѕид на сообраќајниот срам. Таму граѓаните коментираат дека токму на таа улица се имаат случено повеќе сообраќајни незгоди, но исто така и дека возачите не внимаваат во сообраќајот и вози со голема брзина во градски средини.
МВР со подетални информации ќе излезе по завршување на увидот.

Фото Фејсбук
Слично
