ТЕШКА СООБРАЌАЈКА СЕ СЛУЧИЛА НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ - Четворица повредени, меѓу нив и малолетници
Тешка сообраќајна незгода се случила синоќа во главниот град, при што се поврдени четири лица, меѓу кои и малолетници.
На булеварот „АСНОМ“ во 23 часот дошло до судар меѓу две моторни возила, при што сопатникот од едно од возилата учесници се здобил со тешко телесни повреди. Сите повредени се хоспитализирани на клиничкиот центар и во градската општа болница во Скопје.
- На 04.06.2023 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.З.(27) од Скопје и патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.К.Р.(32) од Скопје - соопштуваат од МВР.
Се додава дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „опел корса“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште една малолетна сопатничка од возилото „опел корса“ констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
