Тешка сообраќајка во Прилеп однесе еден живот
Teшка сообраќајна несреќа се случи попладнево во близина на институтот за тутун во Прилеп, кога се судриле две возила марка “Мерцедес” и марка “Лада”.
Според неофицијални информации едно лице по потекло од село Сарандиново, кое се возело ладата загинало во несреќата.
Сообраќајот на оваа сообраќајница беше во застој, а полицијата изврши увид за да ги утврди точните причини за трагичната несреќа.
Слично
