Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО МАКЕДОНИЈА: Едно лице го загуби животот

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО МАКЕДОНИЈА: Едно лице го загуби животот

Денес околу 14 часот се случила тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Велес, во која едно лице загина.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека несреќата се случила помеѓу автобус со велешки регистарски таблички и автомобил марка „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Во несреќата на лице место животот го загубил возачот во автомобилот „шкода“, чиј идентитет сѐ уште не е утврден.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патниот правец Велес-Штип од 14:15 часот е во целосен прекин и дека сообраќајот од Штип се пренасочува преку Куманово.



Слично

Поврзани вести