Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Младо момче заврши во болница во Кавадарци по сообраќајна незгода која се случила во градот. 

Како што информираат од секторот за внатрешни работи - Велес, младо лице на само 20 години се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во Кавадарци.

Во полициската станица било пријавено дека на улицата Западен булевар дошло до судар меѓу патничко возило „нисан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Х.С., на возраст од 29 години, и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ф.Л., 20-годишно лице, двајцата од Кавадарци.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општата болница – Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Кавадарци, појаснуваат од СВР – Велес.

Слично

Поврзани вести