Тешка сообраќајка во Аеродром: Триесетгодишник тешко повреден
Тешка сообраќајка се случила вчера околу 10,25 часот во Скопје на крстосницата од булеварот „АСНОМ“ и сервисна улица кон хотел во Скопје. Полицијата информира дека во несреќата учествувале товарно моторно возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(34) од Скопје, и патничко моторно возило „сузуки балено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(47) од селото Петровец, скопско.
„По незгодата, Ј.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св.НаумОхридски“ каде му била констатирана тешка телесна повреда, додека на возачот М.П. и неговиот сопатник Љ.П.(60) од Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од доктор им биле констатирани повреди, стои во соопштението.
Увид наместото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
