Економија, финансии, бизнис

Контакт

TEШКА СООБРАЌАЈКА: Повредени тројца во струмичко

TEШКА СООБРАЌАЈКА: Повредени тројца во струмичко

Во судир на повеќе возила повредени три лица кај Струмица. 

Едно лице е потешко повредено, а две полесно во сообраќајната несреќа што се случи во 07.40 часот на регионалниот пат Струмица- Ново Село, меѓу селата Дабиле и Босилово. 

Во сообраќајката учествувале три автомобили „тојота корола“, „шевролет спарк“ и „рено твинго“. Еден автомобил се запалил, но пожарникарите успеале да го извлечат повредениот од него.

Во извлекувањето на повредените пожарникарите користеле и специјален хидрауличен алат.

На местото на несреќата увид изврши увидна екипа на струмичката полиција.

Слично

Поврзани вести