ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ - едно лице пренесено на клиниките „Мајка Тереза“

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ - едно лице пренесено на клиниките „Мајка Тереза“

Поради сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, во близина на хотелот Белви целиот сообраќај се пренасочува, јавува Министерството за внатрешни работи. 

Како што потенцираат, денеска (18.07.2025) во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово - Скопје, во близина на х.Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила. 
Станува збор за едно товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од С.Д. (54), патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Р. (31) и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А.. 
Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа.
Фото: Принтскрин/ МВР/Фејсбук

ad
Слично

Поврзани вести