Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ШТИП - КОЧАНИ: Локалните медиуми јавуваат дека има жртви (Видео)

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ШТИП - КОЧАНИ: Локалните медиуми јавуваат дека има жртви (Видео)

Тешка сообраќајка на експерсниот пат Штип Кочани се случила денеска.

Како што јавува локалната телевизија „М Нет“, во сообраќајната несреќа има и жртви. 

Веста за несреќата и кратко видео од местото на несреќата телевизијата објави на својот Фејсбук профил. 

Дел од состојбата на патот може да погледнете и сами. 



Се огласија и од Автомото сојузот на Македонија, од каде накусо соопштуваат дека од 12.50 часот во прекин е сообраќајот на експресниот пат Штип - Кочани.

Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин поради сообраќајна несреќа.

Дополнително дознаваме дека во несреќата животот го загубил возачот кој управувал со пикап-возилото. 

Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека сообраќајната несреќа се случила околу 13.00 часот меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистерски таблички.

На лице место е починат 62 годишен возач од Велес, кој управувал со пикап - возило со скопски регистерски таблички.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека повикани се во 13.30 часот и учествувале во извлекување на повредени во камионот со беровски регистерски таблички, а во него имало возач и сопатник. Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница. Шестмина пожарникари учествувале во акцијата за извлекување на повредените од камионот, кој превезувал жито.

Портпаролот на СВР-Штип, Панајотова, информира дека увидот од страна на полицијата и обвинител се уште трае, а сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани е во прекин. Полициски службеници го пренасочуваат по стариот регионалн пат.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МНет

Слично

Поврзани вести