Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ПРИЛЕП-ГРАДСКО: Има загинати и повредени

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ПРИЛЕП-ГРАДСКО: Има загинати и повредени

Tешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 17 часот, на патот Прилеп-Градско во близина на селото Радобил, а во неа загинале двајца луѓе, соопшти полицијата.

„Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица. Од 18:00 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата“, соопшти полицијата. 

Магистралниот пат Прилеп-Градско беше пуштен во употреба летово, а во рок од еден месец на него имаше две сообраќајки со петмина загинати.

Слично

Поврзани вести