Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО: Пет лица завршија во болница

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО: Пет лица завршија во болница

Тешка сообраќајна незгода се случила на магистралниот пат Гостивар-Тетово, при што се судриле две возила, а пет лица завршиле во болница. 

Тројца од повредените се здобиле со тешки телесни повреди, додека двајца сопатници поминале со полесни. 

- На 14.08.2023 во 08.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален  пат Гостивар-Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(73) од Гостивар и патничко возило ,,шевролет“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(57) од Тетово. 

По несреќата, возачите и сопатниците од двете возила биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар.

На двајцата возачи и сопатникот Ј.Л. од патничкото возило „голф“ им биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатниците Ш.А. и Ј.Ј. биле констатирани телесни повреди - се наведува во соопштението на МВР. 

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Слично

Поврзани вести