Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ БИТОЛА - КИЧЕВО: Излетал од патот и починал на лице место

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ БИТОЛА - КИЧЕВО: Излетал од патот и починал на лице место

Возачот на патничко возило загина откако со автомобилот излетал од патот додека се движело по регионалниот пат Битола  - Кичево кај селото Кладник.

Како што информираат од МВР, Г.С. од Кичево управувајќи ја неговата „лада самара“ изгубил контрола и излетал од коловозот, и починал на самото место на несреќата.

- На 17.07.2023 во 13.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево, кај с.Кладник, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. 

На местото на несреќата возачот починал, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево - наведуваат од МВР.

Слично

Поврзани вести