Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА МАГИСТРАЛАТА КИЧЕВО - ГОСТИВАР: Жена од Калишта е тешко повредена, но и возачите

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА МАГИСТРАЛАТА КИЧЕВО - ГОСТИВАР: Жена од Калишта е тешко повредена, но и возачите

Тешка сообраќајна незгода се случила во саботата наутро на магистралниот пат Кичево - Гостива при што со повреди се здобиле три лица кои завршиле во болницата во Кичево. 

Како што соопшти МВР најтешко е повредена повозрасна сопатничка од едно од возилата.

- На 04.11.2023 во 06.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Тајмиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(61) од с.Слатина, скопско и патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(37) од с.Калишта, струшко. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“, Б.И.(67) од с.Калишта, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево - соопштуваат од МВР. 

Слично

Поврзани вести