Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тешка сообраќајка кај Радишани, едно лице загина

Тешка сообраќајка кај Радишани, едно лице загина

Вчера во 17 часот на обиколницата пред клучка „Радишани“, во правец од с.Стајковци кон населба Радишани, дошло до судир помеѓу патничко возило „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ. (55) од Скопје и патничко возило „Застава југо“ исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот З.Д.
При судирот загина 48-годишен З.Д. од скопското село Кучевиште. З.Д. починал на самото место, а В.Ѓ. се добил со телесни повреди по што бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Од полицијата додаваат дека увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. 

Слично

Поврзани вести