Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА, ДВЕ ЛИЦА ЗАВРШИЈА НА КЛИНИКАТА „МАЈКА ТЕРЕЗА“ - Еве ги детали од несреќата

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА, ДВЕ ЛИЦА ЗАВРШИЈА НА КЛИНИКАТА „МАЈКА ТЕРЕЗА“ - Еве ги детали од несреќата

Тешка сообраќајна незгода се случила на автопатот „Пријателство“ на потегот од радишани кон село Арачиново. 

Во сударот учествувале две возила, фолксваген голф и мерцедес при што возачот на фолксавегенот се здобил со сериозни повредни, а повреден е и возачот на другото возило. 

- На 11.09.2023 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во правец од Радишани кон с.Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од С.М. (64) од с.Дељадровци, Скопско, и патничко возило „мерцедес“, управувано од Е.А.(24) од с.Арачиново, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.М., а со телесни повреди се здобил Е.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје - се наведува во билтенот на МВР. 

Слично

Поврзани вести