Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Едно превртено и едно запалено возило кај Охис

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Едно превртено и едно запалено возило кај Охис
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на фабриката „Охис“. Оштетени се најмалку две возила, од кои едното се превртело сосема на покривот, а другото е запалено. Се уште нема информации за евентуални жртви, но на местото на несреќата дошле две амбулантни возила и едно противпожарно возило, велат очевидци. Несреќата се случила околу 22 часот и 30 минути. Увидна екипа на МВР работи на откривање на причините за тешката сообраќајна несреќа.  
Слично

Поврзани вести