Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА НЕСРЕЌА НА АЕРОДРОМОТ ВО ОХРИД: Работник падна од кров, пренесен во болница со тешки телесни повреди

ТЕШКА НЕСРЕЌА НА АЕРОДРОМОТ ВО ОХРИД: Работник падна од кров, пренесен во болница со тешки телесни повреди

На 08.06.2026 во 11:25 часот во СВР Охрид пријавено е дека при извршување градежни работи на кровот на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, еден работник паднал и се здобил со тешки телесни повреди, информираше полицијата.

Повредениот, З.П. (44) од Кавадарци, веднаш бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, извршен е увид, а се работи на расчистување на случајот и утврдување на околностите околу несреќата.

Слично

Поврзани вести