ТЕШКА НЕСРЕЌА И КАЈ ЛУКОВО: Дебранин со пасат удрил малолетник
Помлад возач со „пасат“ удрил малолтеник на патот кај селото Луково, со што му нанел тешки повреди.
Полицијата соопшти дека вчера во 22.05 часот, на регионалниот пат кај струшкото село Луково, патничко возило „фолксваген пасат“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ц.(26) од Дебар удрило во малолетен пешак од селото Луково.
По незгодата пешакот е пренесен во Медицински центар – Струга, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од ОВР Струга.
Слично
