Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тешка кражба на Фармацевтскиот факултет

Тешка кражба на Фармацевтскиот факултет

Од лабораторија на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се украдени предмети и опрема во вредност од 300.000 денари.

Според информациите од МВР, од факултетот вчера пријавиле во полиција дека во периодот од 19 часот на 20-ти месецов до седум часот изутрината на 20-ти непознат сторител извршил тешка кражба.

Крадецот со тврд предмет го скршил прозорецот, влегол внатре и одзел две лабораториски дигитални ваги, два ЛЦД монитора и компјутер, по што заминал во непознат правец. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести