Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО ЕВРОПА: Дали Македонците ги избегнуваат овие дестинации?

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО ЕВРОПА: Дали Македонците ги избегнуваат овие дестинации?

Неодамна терористички напад со комбе се случи и во Барселона, Шпанија, една од најпознатите туристички дестинации во светот, но дали нападите можат да ги премислат македонските граѓани да не патуваат во одредена земја или град?

Од Стопанската  Комора за Туризам на Македонија врз основа на информациите со кои располагаат велат дека нема да има некои драстични промени и откажувања.

„Во конкретниот случај со последниот терористички напад во Барселона, ние како комора сме во постојан контакт со нашите членки кои имаат аранжмански програми за овој дел од Шпанија и последните информации говорат дека нема откажувања на веќе продадените термини кои следат, а и интересот за следните е нормален. Се работи за премногу атрактивна и позната туристичка дестинација и претпоставка е дека ќе има  брза реакција на смирување од тамошните институции  и гарантирање на безбедноста, што влијае  да нема откажување на аранжманите или намалување на побарувачката“ – изјави Биљана Пејоска Ристеска, извршен директор на Стопанска Комора за Туризам на Македонија.

Таа објаснува дека еден од важните фактори кои влијаат во развој на туризмот како дејност во светски рамки е сооцијалната -политичката и безбедносна состојба на одредена дестинација во одредено продрачје.Тој е неекономски фактор, но влијателен за целокупниот развој на дејноста која придонесува во развој на економијата на земјата во целина, па од таму и важноста на истиот.

„Појавата на терористички напади како форма која го нарушува безбедносниот систем на одредена земја има  влијание врз изборот на потрошувачите во туризмот за дестинацијата како место за престој. Моќта на туризмот е во кохезијата на луѓето да ги надминува разликите, ги брише недоразбирањата и ги прави сите луѓе во еден момент да имаат иста цел да уживаат во своите патувања.Таа моќ секако со ваквите настани е намалена, но се погласно во светски рамки (Светската Туристичка  Организација при обединети нации WTO) се зборува за проекторање на кризен менаџмен во туризмот за борба и справување со ваквите појави -терористички напади.Македонија е дел од глобалниот туристички свет и секако ги следи настаните кои се случуваат можам да кажам дека изборот на македонските потрошувачи за одредена дестинација носи намалување на интересот доколку имало таков настан,  но не во голема мера .Можеби тоа е во периодот на случување и кратко после тоа, но со изјавување на одредени надлежни институции дека безбедноста е вратена и гарантирана тие места се повторно нормално барани“ – додава Пејоска Ристеска.

Со оглед на фактот дека напади имаше во големите градови како Париз, Брисел, Барселона, Берлин, каде има голема концентрација на луѓе, дел од граѓаните кои сакаат да патуваат веруваат дека во помалите места и ризикот од напади е помал.

„Посетата на помалите места на Европа од апсект на туризмот не се работи за избегнување на терористички напади затоа што тоа е нов тренд во светски рамки кој практикува  поинаков туризам од масовниот. Посетата на малите места е предизвик да се долови нешто поразлично и невидено до тогаш.Ризикот за терористички напад постои и во овој случај затоа што за да се стигне до тие места како одредена дестинација треба да се помине одреден патен дел кој опфаќа јавен превоз(аеродром, воз, автопатишта и сл), можеби шансите се помали но ризикот секако постои.Интересот за посета на вакви места од страна на македонските граѓани не е голем,  покажува досегашното искуство и нивниот избор е претежно кон атратктивни и познати дестинации“ – вели Пејоска Ристеска.

По нападите на Турција и требаше повеќе време за да се опорави и да ги поврати туристите, а Франција, земјата во чии градови имаше повеќе напади од исламисти во 2016 година остана дестианција број 1 во светот со скоро 83 милиони посетители.

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести